Кривична за 35-годишен маж од Неготино, ја следел неговата поранешна вереница, и ја вознемирувал со пораки и писма

0
37

Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавениот се сомничи дека ја демнел жртвата во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година.

– Во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година, пријавениот неовластено ја следел неговата поранешна вереница и ја вознемирувал со пораки преку вибер и со испраќање писма до домот во кој што таа живее, стои во соопштението од МВР.