Зеленски сака Украина да добие „политичка покана“ за членство во НАТО

0
27

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави денеска дека сака неговата земја да добие политичка покана за членство во НАТО на состанокот на врвот на Алијансата што ќе се одржи следниот месец во Литванија, објави Ројтерс.

„Има многу причини да се упати политичка покана до Украина за приклучување во Алијансата“, напиша тој на апликацијата за размена на пораки Телеграм.