Лукашенко: Пристигна нуклеарното оружје, посилно е од атомската бомба фрлена врз Хирошима

0
26

Русија ја снабдува Белорусија со тактичко нуклеарно оружје кое е трипати помоќно од бомбите што Америка ги користеше во Хирошима и Нагасаки, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко во интервју за телевизијата „Русија 1“.

„Имаме ракети и бомби. Бомбата е три пати помоќна од онаа во Хирошима и Нагасаки. Таму 80.000 луѓе починале веднаш, а 250.000 од еден удар. И овде една бомба е три пати помоќна. Тоа значи дека милион луѓе би умреле веднаш. Не дај Боже да се употреби тоа оружје, но сепак ова е ограничена територија“, изјави белорускиот лидер.

Тој исто така рече дека тактичкото нуклеарно оружје ќе биде дистрибуирано низ Белорусија и нема да се складира на едно место.