Косово ја обвини Србија дека „киднапирала” тројца нејзини полицајци

0
51

Косовската полиција извести дека тројца нивни гранични службеници наводно биле киднапирани од српските сили за време на патрола во градот Тресава – Баре, на граничната линија на северот на Косово. Селото се наоѓа во општина Лепосавиќ.

Според соопштението на косовската полиција, единицата врши патроли длабоко на територијата на Косово, со цел да се спречи користење на дивите патишта, за кои велат дека се користат од криминални групи за нелегално преминување и криумчарење.

Засега, нема официјални информации за настанот од Србија.