Пожар во фискултурното училиште „Методи Митревски-Брицо“, нема повредени

0
52

Во Државно училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје денеска избувна пожар, кој како што информираа за МИА од скопската Противпожарна бригада, бил успшено изгаснат и не предизвикал поголеми штети.

На терен беа испратени 11 пожарникари, односно три противпожарни возила чисто превентивно, но пожарот не беше голем и брзо беше изгаснат, изјави командирот на Противпожарна бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томески.