Пред своето семејство, косовската полиција уапси медицински техничар, Србин од Косово

0
38

Косовската полиција денеска го уапсила Далибор Спасиќ, медицински техничар од Косовска Митровица, додека се враќал од централна Србија со својата малолетна ќерка и сопругата, кои доживеале силен шок, се вели во соопштението на Канцеларијата за Косово и Метохија.

Како што се наведува во соопштението, Канцеларијата за Косово и Метохија веднаш стапила во контакт со семејството и на уапсениот Далибор му обезбедиле адвокат.

„Лажниот министер за полиција Џељај Свечља уште еднаш прогласи Србин за криминалец, наместо да се извини што веќе го уапси невиниот Немања Влашковиќ во Лепосавиќ под лажно обвинение дека физички нападнал новинари, што е ноторна лага, како и неоснованото апсење на Радош Петровиќ, Душан Обреновиќ и Милун Миленковиќ. Спасиќ не е ниту криминалец, туку здравствен работник во болницата во Косовска Митровица, кого Свечља сега се обидува да го криминализира само ако наопаку погледнал на новинар“, се вели во соопштението.

Понатаму се наведува дека Свечља, кој е познат по превртување возила на ЕУЛЕКС, и неговиот шеф Курти по фрлање солзавец и шок бомби и затворање медиуми, имаат најмалку право некого да прогласат за криминалец бидејќи патентирале насилни и криминални методи на Косово.

„И со ова апсење сакаат да предизвикаат нова криза и дестабилизација на ситуацијата на терен и под превезот на некаква борба за правата на медиумите всушност ги заплашуваат и протеруваат Србите од Косово и Метохија. “ се вели во соопштението.

Во меѓувреме, косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља преку социјалните мрежи објави дека потврдил дека полицијата го уапсила Далибор Спасиќ на граничниот премин Јариње.

„Денеска косовската полиција на Јариње го уапси криминалецот Далибор Спасиќ, уште еден напаѓач на новинари на северот. Им честитам на надлежните единици на косовската полиција за нивната ефикасност и континуирана работа во насока на воспоставување ред и мир во секој агол на Република Косово. Во нашата демократска земја криминалните дела не поминуваат незабележани и без последици. Тоа треба да го знаат и оние за кои немаше правни последици сите овие години. Републиката не отстапува пред фашистичките криминалци“, напиша Свечља.

Из Канал5.