Револтирани од нападот врз Кадриевски, Бугарите со протест пред македонскиот клуб во Софија

0
28
Фото: Новини.бг

По нападот врз копретседателот на бугарското здружение „Шемето“ во Струга, Бекир Кадриевски, вчера група граѓани протестираа пред Културно-информативниот центар на Македонија во Софија.

„Санкции за Македнија“, Вратете го ветото за Македонија“, „Стоп на насилството против Бугарите во Македонија„. Нападите против Бугарите станаа десетици, а позадината на тоа е долготрајната репресија врз нив во Северна Македонија, која започна со комунистичкиот терор во Југославија“, велат организаторите на настанот, јавија бугарските медиуми.

За нас нема дилема дека Македонија е бугарска, рече европратеникот Ангел Џамбаски.

„Резолуцијата на германскиот Бундестаг за Северна Македонија е навредлива за Бугарија и е голем неуспех на бугарската дипломатија. Тоа значи непријателство кон нашата земја. Тоа ќе има огромен негативен ефект, бидејќи Бугарија е директно повикана да нема претензии за заштита на правата и легитимни интереси на луѓе со бугарска самосвест. На овој начин Германија застанува на страната на антибугарската моќ во Северна Македонија“, рече Џамбаски.