Русија ги испорача првите нуклеарни ракети во Белорусија

0
19

Рускиот претседател Владимир Путин на 17 јуни изјави дека првата серија тактичко нуклеарно оружје е испорачана на Белорусија.

„Ќе префрлиме дел од тактичкото оружје на белоруска територија. Веќе се испорачани првите нуклеарни полнења. Ќе ја завршиме оваа акција до крајот на летото“, изјави Путин на форумот во Санкт Петербург.

„Ова е елемент на одвраќање“, изјави Путин.