Инцидент во Загреб:Со мерцедес покосил луѓе на паркинг, пет лица се повредени/ВИДЕО

0
41

Загребската полиција почна кривична истрага против 23-годишен маж кој налета на тројца пешаци и автомобил во кој се повредени уште две лица по ударот со неговиот мерцедес на паркингот во трговскиот центар „Супернова“ на неофицијална „средба на автомобили“, при што се повредени упте двајца.

Како што извести полицијата утринава, три лица се тешко повредени, а две полесно. Полициската управа (ПУЗ) во Загреб прецизираше дека 23-годишниот маж управувал мерцедес со загрепски регистерски таблички и поради несоодветна брзина налетал на тројца пешаци и еден автомобил, кои потоа се судриле со друг автомобил, пренесоа хрватските медиуми.

Човекот кој го управувал мерцедесот е под полициски надзор и во тек е кривична истрага. Според неофицијални информации на „Телеграм“ возачот се вика Јан Ерлих.

Сведоци на синоќешната несреќа рекоа дека како што е општо познато на овој паркинг редовно се одржуваат таканаречените „автомобилски средби“.