Србин уапсен во Битола, крадел во црква

0
23

Полицијата утрово го приведе Н.М.(36) од Република Србија, затекнат како краде пари во црквата „Св. Недела“ во Битола.

Денеска (26.06.2023) од страна полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при СВР Битола лишен од слобода бил Н.М.(36) од Р. Србија. Тој бил фатен на дело додека извршувал тешка кражба во црквата „Св. Недела“ во Битола, од каде одзел пари – соопшти МВР.

По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.