Продолжува ривалството меѓу Закерберг и Маск: „Мета“ лансира апликација слична на „Твитер“

0
132

Мета, компанијата која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, најави дека на крајот на неделава ќе лансира нова апликација со која ќе бидат конкуренција на Твитер.

За апликацијата, која се вика Тредс (Нишки), од Мета велат дека ќе биде „текстуална апликација за комуникација“ и ќе биде достапна за преземање од четврток, а ќе биде поврзана со Инстаграм.

Неколку слики кои беа објавени покажуваат дека почетната страница изгледа слично на Твитер.

Овој потег е дел од ривалството помеѓу сопственикот на Мета, Марк Закерберг и сопственикот на Твитер, Илон Маск.

Во меѓувреме од Твитер најавија дека популарната апликација „Твит Дек“ ќе започне да се наплаќа за 30 дена. Ова е последен чекор во намерата на Маск да ги натера корисниците да се претплатат на сервисот „Твитер Блу“. Во саботата платформата го ограничи бројот на твитови кои корисниците можат да ги гледаат на дневно ниво, образложувајќи ја ваквата одлука со големиот обем на преземање на податоци од социјалната мрежа.

Според досега достапните податоци, Тредс на Мета ќе биде бесплатна и нема да има никакви ограничувања на бројот на објави кои корисниците ќе можат да ги погледнат.

„Тредс е местото каде заедниците ќе се здружат за да дискутираат на разни теми. Од она што ви е важно денес, до она што ќе биде во тренд утре“, стои во описот на апликацијата.