Грчкиот Парламент денеска избира претседател

0
60

Новоформираниот грчки Парламент што произлезе од изборите на 25 јуни и веќе положи свечена заклетва, денеска ќе одржи седница за избор на претседател и потпретседатели, јави дописничката на МИА од Атина.

Лидерот на Нова демократија и премиер на Грција Кирјакос Мицотакис, повторно го предложи Константинос Тасулас за претседател на Парламентот, со што, доколку биде изгласан, ќе добие уште еден четиригодишен мандат.

За да биде избран од пратениците, потребно е да добие најмалку 151 глас, а пред еден месец, по првите избори во Грција, Тасулас беше избран со широко мнозинство, односно со 270 гласа „за“, меѓутоа тогаш, Парламентот веднаш се распушти во пресрет на новите избори.