Бајден: Да сум на место на Пригожин би внимавал што јадам и што има на менито

0
24

Пригожин во опасност?

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, може да е во опасност.

Бајден рече дека Пригожин можеби е во опасност бидејќи минатиот месец се обидел да се побуни во Русија.

„Би внимавал што јадам. Би внимавал на менито“, рече Бајден на прес-конференција во Хелсинки.

Блумберг наведува дека шегата на Бајден алудирала на, како што се истакнува, „руските безбедносни служби користат нервни агенси и полониум за да ги убијат политичките непријатели на Владимир Путин“.

Бајден рече дека светските лидери на самитот на НАТО во Вилнус разговарале не знаејќи каде се наоѓа Пригожин и како бунтот може да влијае на руските операции во Украина и на иднината на Вагнер групата.

Пригожин замина за Белорусија по востанието, но Кремљ оваа недела соопшти дека Путин одржал тричасовен состанок со лидерот на Вагнер групата и други команданти пет дена по бунтот на 24 јуни.