ВИДЕО: Страшно невреме во Словенија носеше покриви, корнеше дрва и знаци

0
34

Невреме, проследено со град, силни ветрови и грмотевици ја погодија Словенија денес, а потоа се „пресели“ во Хрватска, објавија словенските медиуми. Невремето дојде по чисто и сончево утро, а според најавите на метеоролозите, вечерва ќе пристигнат врнежи и грмотевици во некои делови на Србија.

Како што може да се види на сликите, ветерот има урнато знаци, а носеше делови од покриви и откорна дрвја.

Во видеото, кое било направено во близина на градот Кршко, град паѓал толку силно што била формирана бела покривка од град.


Градот има уништено и земјоделски култури. Невремето попладнево стигна до Хрватска.

Извор С.П