Бони и Клајд во Скопје: Разбојник со помош на женско лице извршил кражба во Центар

0
44

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 29-годишник за две кривични дела разбојништво и кражба, соопштува ОЈО.

Разбојникот заедно со непознато женско лице на 13 април најпрво му се приближиле на оштетениот и го запрашале дали му е потребно женското лице да му го исчисти станот. Откако оштетениот одговорил дека нема потреба од тоа и се тргнал да влезе во станот, разбојникот го турнал и двајцата насилно влегле внатре. Тој му се заканил со нож и побарал од него да му ги даде парите. Пребарувајќи низ станот, одзеле паричник со 2.250 денари, два мобилни телефони, рачен часовник и други предмети, во вкупна вредност од околу 21.750 денари.

Надлежниот јавен обвинител до Кривичниот суд во Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Из С.П