Запалено возилото на началникот на СВР-Штип

0
36

Утрово на паркинг на улицата „Ванчо Китанов“ било опожарено патничко возило „ауди 5“, чиј сопственик е началникот на СВР – Штип, Боби Гидиоски.

Од полицијата потврдуваат дека во населбата Сењак изгорел автомобилот, а пожарот го пријавил граѓанин во 03.01 часот.

Во тек е увид, а истрагата треба да открие дали станува збор за намерно палење на возилото на началникот на СВР – Штип.