Бугарија ќе донира 100 оклопни возила на Украина

0
23

Пратеникот од Бугарија, Ивајло Мирчев денеска изјави дека Бугарија ќе испрати 100 оклопни возила во Украина, пренесе „Новините“.

„Има иницијатива за испраќање оклопни возила во Украина од магацинот на МВР, без да се наштети на резервите на армијата. Тоа го предлагаме како нацрт во парламентот. Проценуваме дека ќе има околу 100 возила“, рече Мирчев.

Според него, иницијативата ја поддржале премиерот Николај Денков, министрите за полиција и одбрана и пратеничките групи на ГЕРБ и ДПС, меѓу кои и лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов.