Лавров: Авионите „ф-16“ ги сметаме за нуклеарна закана

0
19

Доколку во Киев се појават ловци Ф-16 способни да носат нуклеарно оружје, Русија тоа ќе го смета за закана во нуклеарната сфера, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Ги информиравме нуклеарните сили на САД, Велика Британија и Франција дека Русија не може да го игнорира фактот дека овие авиони се способни да носат нуклеарно оружје. За време на борбените операции, нашите војници нема да анализираат дали секој конкретен авион од овој тип е опремен да носат нуклеарно оружје или не. „Самиот факт за појава на такви авиони во вооружените сили на Украина ќе се смета за закана од Западот во нуклеарната сфера“, рече Лавров.

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба изјави дека руското раководство треба да се плаши од украинскиот војник, а не од авионот Ф-16 кој ќе биде испорачан според планираното.

„Единствената закана за Русија е украинскиот војник. Од тоа најмногу треба да се плашат Путин и неговиот тим. Украина ќе добие Ф-16 според планираното. Русија мора да го прифати тоа, и покрај изјавите на Лавров“, напиша Кулеба на Твитер.