ВИДЕО: Голем пожар во воден парк во Словенија, се евакуираат посетителите

0
69

Во термалниот парк Aqualuna во Подчетртек во Словенија, во близина на границата со Хрватска, избувна голем пожар нешто по 17 часот.

Угостителскиот објект е целосно зафатен од пламените јазици, а кон небото се вивнаа големи облаци од црн чад.

Според првичните информации нема повредени, објавија словенечките медиуми.

Пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.

Пожарот избувнал во внатрешниот дел на комплексот. Според полицијата на Целје, зградата на хотелот се запалила, но засега немаат информации дали се работи за станбена или магацинска зграда.