Возач прегазил девојче во Гостивар и избегал, полицијата трага по него

0
33

Возач на автомобил вчеравечер во Гостивар удрил малолетно девојче, по што избегал од местото, соопшти МВР. Девојчето има тешка телесна повреда во несреќата.

„На 01.07.2023 околу 21,25 часот на ул. „Светозар Пепоски“ во Гостивар, патничко возило удрило во малолетничка, по што го напуштило местото на настанот. Малолетничката била пренесена во Ургентен центар Гостивар каде од лекар и е констатирана тешка телесна повреда“, се вели во полициското соопштение.

За настанот е известен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.