Бабата на убиеното момче во Париз повика да прекинат протестите

0
35

„Не сакам да уништуваат продавници, автобуси и училишта“, изјави Надија за ТВ БФМ.

„Тие го користат Нахел како изговор“, рече таа, а потоа додаде: „Сакам работите да се смират“. На новинарско прашање за парични донации за одбрана на полицаецот кој беше уапсен откако во вторникот пукаше во Нахел, таа рече: „Срцето ме боли“.

Но, вели дека има доверба дека полицаецот ќе биде казнет како и секој друг. „Уморна сум“, рече таа. „Готово е, моето дете нема повеќе живот“.

Таа повика на смиреност и прекин на немирите, додавајќи: „Не ги уништувајте училиштата, не ги уништувајте автобусите. Има и други мајки кои ги користат тие автобуси“.

Таа претходно изјави дека демонстрантите ја искористиле смртта на Нахел како изговор за дивеењето.

Да потсетиме, Нахел бил единец кој пораснал со својата самохрана мајка. Работел како доставувач во ресторан за брза храна, а играл и рагби. Познаници го опишаа како омилен во Нантер, работничко предградие на Париз. Очигледно никогаш не го запознал својот татко.

Во вторникот наутро, Нахел бил смртно застрелан во градите, од непосредна близина, зад воланот на Мерцедес, бидејќи се обидел да избега при полициска сообраќајна контрола. На само 17 години бил премлад за возачка дозвола.