Во Бугарија штрајкуваат вработените во МВР, бараат повисоки плати

0
41

Во Софија центарот на градот попладнево е блокиран од вработени во Министерството за внатрешни работи кои штрајкуваат со барање за зголемување на платите за 10 отсто.

Претходно вработените се собраа пред Министерството за финансии каде демонстрантите фрлаа парички пред влезот во зградата.

Организатор на демонстрациите е Синдикалниот сојуз на вработените во Министерството за внатрешни работи. Демонстрантите од пред Владата се упатија и пред Парламентот.

Вработените во Министерството за внатрешни работи лани добиле покачување на платите за 20 отсто, па годинава нема да добијат покачување, изјави пред една недела министерот за финансии Асен Василев.

Асен Василев заборава дека тие 20 отсто не биле зголемување туку надоместок за тоа што 34 државни администрации добиле покачување на платите и до 30 за учество во борбата против КОВИД-19, МВР не беше на тој список, објаснија демонстрантите.

Од Синдкатот изјавија дека очекуваат нивните барања да бидат изгласани на второто читање на законот за државниот буџет на Бугарија за оваа година.