Вучиќ: Курти сака да не вовлече во конфликт со НАТО, избори најдоцна во мај

0
72

Вучиќ на почетокот на интервјуто истакна дека последната војна пред оваа во Украина избувна за Косово и Метохија, кога била нападната Србија.

– Се надевам дека ќе можеме да го зачуваме мирот. Даваме сѐ од себе. Затоа разговарав со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Нема ништо повредно од мирот. Важно е да вложиме многу труд. Нема ништо повредно од мирот, но кога некој реагира бурно, тоа е затоа што не ги разбира последиците, а тие се да ѝ го вратите на мајка детето во ковчег, а не сте морале. Затоа правиме огромни напори. Затоа премолчуваме многу лоши дела, не затоа што тоа е знак на нашата слабост, туку на сериозност.

„Курти е сведок на невистините“, подвлече претседателот и посочи дека се сменети условите на војување, моќта на техниката и технологијата, објави српски Курир.

– Курти бара валидна причина за глупостите што ги изговара истовремено кога сака да ја вовлече Србија во конфликт со НАТО, кој што мора да го избегнеме. Тука нема голема филозофија.“