Дојави за бомби на неколку локации во Загреб, полицијата пребарува објекти низ градот

0
38

На 30 мејлови, меѓу кои и на неколку редакции во Загреб, е испратена грозоморна порака во која се наведени локации на кои наводно биле поставени бомби.

„Поставуваме темпирани бомби со тајмер“, се вели меѓу другото. Исто така се додава дека бомбите се темпирани да експлодираат во петок попладне.

Покрај во некои медиуми, наведуваат дека експлозивна направа била поставена и на кривината на трамвај во Дубрава, четири во Земјоделското училиште, еден хотел и две во полициската станица во Дубрава.

Од загрепското Јавно обвинителство велат дека веќе извршиле увид на пет локации и било утврдено дека пријавите се лажни.

Извор МИА.