Еден донор утрово спаси четири животи во Македонија

0
21

Министерството за здравство информира дека за првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт.

-Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања, велат од МЗ.