(ВИДЕО) Лавица шета во предградие на Берлин, граѓаните се предупредени да не ги напуштаат домовите

0
18

Во јужниот и југозападниот дел на Берлин денеска е во тек голема потрага по диво животно, најверојатно побегната лавица, соопштија локалните власти, апелирајќи до жителите во таа област да не ги напуштаат своите домови.

„Дивото животно може да биде лавица“, објави берлинската полиција на Твитер, додавајќи дека предупредувањето се однесува на југот и југозападот на германската престолнина и неговата периферија.

Од полицијата додаваат дека тревогата е издадена во текот на ноќта, а животното за кое било пријавено дека не побегнало од зоолошката градина или циркусот се уште не е пронајдено.

„Околу полноќ добивме порака од двајца минувачи кои виделе диво животно како брка друго“, велат од полицијата, додавајќи дека едно од тие животни е дива свиња.

Берлинската полиција навела дека минувачите ги снимиле животните, едната е дива свиња, а другата најверојатно лавица.