Изгоре возач во автомобилот по судир со камион

0
27

Вчера во тешка сообраќајна несреќа во Србија, по судар со камион изгорел возач на автомобил.

Информациите говорат дека до несреќата дошло кога директно се судриле автомобил и камион со загрепски регистерски таблички. Во несреќата загинал возачот на автомобилот.

Несреќата се случила на патот Суботица – Бајмок, на излезот за Таванкут, пишува РТС, а од силниот удар се запалиле и двете возила. Со полесни повреди возачот на камионот е пренесен во болница.