Курти: Собираме информации за тврдењата дека СПЦ е вмешана во шверц на оружје

0
74

По состанокот со безбедносните институции, претставници на НАТО и КФОР во текот на оваа недела, ќе бидат познати информациите за тврдењата дека се шверцува оружје во српските православни цркви на Косово“, изјави косовскиот премиер Албин Курти, пренесува приштинска „Коха“.

Оваа тема, како што потсетува порталот „КоССев“, произлезе по изјавата на пратеничката Алиша Кернс на овонеделната седница на Парламентот на Велика Британија, на која таа упати обвинувања против СПЦ, наведувајќи дека учествува во шверц на оружје.

„Владата е свесна, бидејќи фузилијарите штотуку се вратија од служба во КФОР, дека оружјето преку границата од Србија се шверцува во православните цркви со амбулантни возила. Кога нашите војници ќе станат свесни за ова и ќе се обидат да добијат дозвола да одговорат, (добивањето прим, уред.) дозволата трае премногу долго. Кога ќе се добие дозвола – какво изненадување – брзата помош се појави пред црквата и повторно го вади целото оружје“, рече таа на оваа седница.

Вчерашната изјава на оваа пратеничка веднаш ја презедоа приштинските медиуми, но и корисници на социјалните мрежи, пред се од албанска националност, кои тагираат европски и американски претставници, како и посредници во дијалогот.

Одредени албански портали, пред се „Геопост“, ја пренесоа веста со видео клип и тврдење дека ги потврдува наводите на пратеникот за шверц на оружје.

Нагласија дека се работи за снимка што е снимена на 6 декември минатата година, односно кога биле нападнати просториите на Општинската изборна комисија во северниот дел на Косовска Митровица.

Тие дури наведуваат дека во конкретниот случај неодамна уапсениот Србин М.М., за кој властите во Приштина тврдат дека е еден од водачите на Цивилната заштита, која косовската влада неодамна ја прогласи за терористичка организација, заедно со Северната бригада, ја извршиле „мисијата за криумчарење на оружје“.

Тие нагласуваат дека тогаш М.М. и други припадници на Цивилната заштита комуницирале со лицата во амбулантата и дека во неа имало оружје. Во видеото, сепак, нема приказ на црквата или свештенството.