Мазнева Незаконски отпуштила работници од „Комунална хигиена”, утврдил Инспекторатот за труд

0
21

Државниот инспекторат за труд по поднесената преставка од вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје на кои им беа дадени откази, утврдил дека директорката Косана Мазнева незаконски ги отпуштила вработените. Инспекторатот налага да се поништат отказите, се вели во соопштението на синдикатот.

  • Донесена е Инспекциска мерка со која Менаџментот на ЈП Комунална хигиена Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор. 

 За денеска е најавена седница на Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена на која синдикатите очекуваат да се постапи согласно Инспекциската мерка како и врз основа на поднесените приговори од работниците да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места.