Големи пожари кај Дубровник, пожар им се закануваше на куќите (ВИДЕО)

0
33

Два пожари избувнаа во понеделникот вечерта во близина на Дубровник, едниот над Мали Жала, а другиот во градот Солине во Жупа Дубровник.

Пожарот им се заканувал на куќите.

Пожарникарите се на терен, цела ноќ го гаснеа пожарот, куќите се бранат, а наскоро треба да пристигнат и два канадери, пренесува порталот Индекс.

Утринава од интервентната пожарна во Дубровник за порталот Индекс изјавија дека пожарникарите се уште се на терен.

Пожарот се уште не е изгаснат над плажата Мали Жали во Дубравица, но е ставен под контрола, наведоа оттаму.