Мигрант го удрила струја при качување во товарен воз во Гевгелија, пренесен е во болница

0
36

Мигрант е итно пренесен во болница, откако настрадал од струен удар кога се качил на вагон на железничката станица во градот, соопшти МВР.

„На 01.07.2023 во 14,57 часот во СВР Струмица е пријавено дека на железничка станица Гевгелија, на еден од вагоните на товарен воз се качило едно лице (мигрант), по што настанал струен удар. Од екипа на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Општата болница-Гевгелија“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.