Конечно започна вселенскиот туризам: „Вирџин галактик“ ги однесе првите клиенти на комерцијален лет во вселената

0
56

Двајца офицери на италијанските воздухопловни сили и еден воздушен инженер учествуваа како туристи на летот, заедно со тројца членови на екипажот на Virgin Galactic, од кои двајца управуваа со леталото.

Италијанските воздухопловни сили и Националниот совет за истражување платија за место во авионот, делумно за да му обезбедат на полковникот Валтер Виладеи дел од неговата обука пред да замине на престој на Меѓународната вселенска станица. Виладеи можеше да се види на директниот пренос на компанијата на летот како го покажува италијанското знаме додека патниците беа во бестежинска состојба.

Сепак, екипажот беше наведен како научен, а не како целосно комерцијален, со оглед на професионалната поврзаност на гостите со летот во вселената и нивните планови да спроведат различни експерименти на леталото.

Но, сепак тоа беше првиот лет на Virgin Galactic кој превезуваше и патници од трети страни, важна пресвртница за одложениот проект.

 

 

Милијардерот Бренсон има листа на чекање од околу 800 клиенти кои платиле помеѓу 250.000 долари (околу 235.000 евра) и 450.000 долари за такво патување.

Самиот Бренсон направил таков лет во јули 2021 година и планирал да започне со редовни комерцијални летови до почетокот на 2022 година.

Компанијата сега се надева дека ќе изврши уште еден пробен лет следниот месец, а потоа ќе започне со месечни комерцијални лансирања. Се вели дека работи на нов авион кој ќе може да го зачести патувањето на неделно ниво.