Повредени малолетници кои се возеле на тротинет- во нив удрило „бмв“

0
25

На 12.07.2023 во 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Архиепископ Доситеј“ и ул.„Струмичка“, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(29) од с.Арачиново, скопско, удрило во тротинет, управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.