(ВИДЕО) Тепачка во Собранието на Косово, нападнат Албин Курти

0
46

Опозициските партии цело време му се спротивставуваа на премиерот Курти, нарекувајќи го „лажго“

Ситуацијата ескалираше во Собранието на Косово во моментот кога премиерот Албин Курти држеше говор.

Опозициските партии цело време му се спротивставуваа на премиерот Курти, нарекувајќи го „лажго“.

Во еден момент, пратеникот на Демократска партија на Косово, Мергим Луштаку, го испрска со вода Курти. Во тој момент интервенираа и министрите од владиниот кабинет, а потоа ситуацијата ескалираше до физичка пресметка меѓу министри и пратеници од опозицијата.