Почина Мирослав Лилиќ, водителот кој прв ја прочита веста дека починал Тито

0
35

На 80 годишна возраст почина новинарот и телевизиски водител Мирослав Лилиќ, кој имаше кариера долга 43 години, пишуваат хрватските медиуми.

Лилиќ долги години бил главен уредник на Хрватската радиотелевизија (ХРТ), програмски директор на ТВ Загреб, уредник на „Дневник“, главен уредник на „Нова ТВ“ и претседател на „Кроација рекордс“. Се пензионирал во 2009 година, но сепак следел што се случува во телевизискиот свет.

Роден е на 8 април 1944 година во Сивериќ кај Дрниш. Гимназија завршил во Дрниш во 1965 година, а студирал јужнословенски јазици и литература и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб во 1983 година.

Најпрвин бил соработник во „Плав вјесник“, од 1967 година во информативниот сектор на РТВ Загреб (ХРТ), новинар и уредник на дневните информативни емисии „Јучер, данас, сутра“ и „Кроника“ и главен и одговорен уредник на вестите од 1974.

Во 1991 година, тој го лансирал третиот програм на ХТВ и ја водеше воената програма „За слобода“. Од 1994 до 2004 година бил шеф на управниот одбор на „Кроација рекордс“, а од 2004 година до неговото пензионирање во 2009 година бил консултант во ХРТ.

Во 2011 година ја објавил својата автобиографија „Без цензура“, а

меѓу гледачите остана запаметен и по објавата за смртта на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито.