Почина поранешниот претседател на Србија, Милан Милутиновиќ

0
42

Поранешниот претседател на Србија, Милан Милутиновиќ, почина на 81-годишна возраст, објави денеска на својот Инстаграм профил претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ.

Милутиновиќ беше претседател на Србија од декември 1997 до декември 2002 година.

Освен таа функција, бил секретар за образование и наука на Србија, југословенски амбасадор во Грција и министер за надворешни работи на СР Југославија.

По завршувањето на неговиот претседателски мандат, во декември 2002 година, тој се предаде на Хашкиот трибунал, каде беше обвинет за воени злосторства за време на конфликтот во Косово и Метохија, пренесува Танјуг.

Тој беше ослободен на 26 февруари 2009 година и беше прогласен за невин по сите обвиненија.