Приведени двајца малолетници од Тетово поради кражба од патничко моторно возило

0
23

Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска околу 3 часот и 10 минути лишиле од слобода двајца малолетници.

Тие претходно биле пријавени дека извршиле кражба во патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, а кое било паркирано на улица „Христо Антовски“ во Тетово.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот Ф.Б.(32) од Тетово.

По целосно документирање на случајот против инволвираните во кражбата ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.