МВР со детали за тепачката на базенот во Штип

0
20

Видео снимката на која се гледа како мажи и жени се тепаат на Градскиот базен во Штип стана вирална на социјалните мрежи.

Курир побара информација од Министерството за внатрешни работи дали кај нив има пријава за настанот.

-На 17.07.2023 во 16.10 часот во Полициската станица Штип, Е.Н.(25) од с.Бучим, радовишко, пријавила дека околу 15.30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во одговорот на МВР.