САД ѝ испорачаа 66 возила Хамви на Србија

0
30

САД ѝ испорачаа 66 лесни оклопни возила Хамви на Војската на Србија, набавени преку директен комерцијален договор со американската компанија AM General, јави дописникот на МИА од Белград.

Според порталот Белканска безбедносна мрежа, ова е прва транша за Србија од вкупно 118 нарачани возила.

На Инстаграм каналот на Американската амбасада во Србија соопштено е дека возилата се во касарната во Панчево, а ќе се користат и за учество во меѓународни мировни мисии.

„Ова не се само американски возила, ова е стандард на НАТО. Кога ќе видите со кого е распоредена српската армија во мировните мисии, а партнерите во Либан се Шпанија и Италија, на Синај тоа се САД, заедничко ни е НАТО стандардот. Поседувањето такви возила и овозможува на Србија да биде дел од која било мировна мисија, брзо да реагира и да биде расопредена рамо до раме со своите партнери“, соопштија од Aмбасадата на САД во Белград.