СЕ СУДРИЛЕ ДВА „ГОЛФА“ ПА ЕДНИОТ ПРЕГАЗИЛ ДЕВОЈЧЕ! Тешка сообраќајка во Куманово

0
29

Малолетното девојче е тешко повредно, а двајца возачи и тројца сопатници во возилата се полесно повредени.

На крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада” и ул.„Перо Чичо” во Куманово вчера околу 16 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила „фолксваген голф”, едното управувано од И.К.(24) од Скопје, а другото од С.Н.(32) од Куманово, и двете со кумановски регистарски ознаки, по што возилото управувано од И.К. удрило во малолетничка од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште тројца сопатници од двете возила, констатирани во Општата болница Куманово.

Извор Плусинфо.