Трагедија во Хрватска: загина петгодишно девојче

0
50

Хрватската полиција соопшти дека утринава околу 06:05 часот добила дојава од итната помош дека на дете му е потребна лекарска помош во истарскиот град Медулин. Глас Истра наведува дека повикот дошол поради петгодишно девојче од Чешка, кое со родителите престојувало во поширокиот центар на Медулин.

Во соопштението на полицијата стои дека утрово нешто пред шест часот била повикана брза помош, бидејќи на детето му се слошило, а родителите веќе побарале лекарска помош поради здравствените проблеми на девојчето. Според истиот медиум по пристигнувањето на брзата помош и покрај вонредните напори на лекарите и сите променети процедури за реанимација била констатирана смрт. Починатото дете е пренесено во болницата во Пула на обдукција.

Глас Истра дознава од Сузана Сокач, портпарол на Истарската полиција, дека е отфрлено секое сомневање за насилна смрт и кривично дело.