Трагедија! Девојче починало на одмор во Грција од алергиски шок – Брзата помош доцна реагирала

0
29

Грчките медиуми јавуваат за смртта на 16-годишна тинејџерка која била на одмор на Касандра, Халкидики, а која починала од алергиски шок откако консумирала храна во локален ресторан.

Информациите се дека девојката отишла на ручек во ресторан. Пред да нарача, прашала дали храната содржи состојка која и’ е забранета и на која таа е алергична.

Извештаите се дека од ресторанот ѝ кажале дека во јадењето што го нарачала ја нема таа состојка.

Девојката го завршила ручекот, но веднаш потоа доживеала алергиски шок. Брза помош пристигнала за кратко, но немало спас.

Извршена е обдукција, а погребот на девојката ќе биде денеска.