Украдени компјутери, бироа и друга опрема: Осум лица извршиле тешка кражба во фирма

0
25

Осум лица извршиле тешка кражба во фирма на подрачјето на Кисела Вода.

– Одделението за криминалистички работи Кисела Вода поднесе кривична пријава против Л.К.(64), П.М.(24), Д.П.(25), М.Ј.(26), В.Р.(24), А.Ѓ.(23), Т.Л.(23) и П.Н.(24), сите од Неготино, поради постоење основи на сомнение дека во периодот од 23 до 26.06.2023 извршиле „тешка кражба“ во фирма на подрачјето на Кисела Вода, при што одзеле компјутери, бироа и друга компјутерска и канцелариска опрема, со што се стекнале со противправна имотна вредност од околу 950.000 денари, соопшти МВР.

Како што информира МВР, по преземени мерки од страна на полициски службеници од ЕВР Кисела Вода на 28.06.2023 на подрачјето на Кисела Вода, при извршен преглед во товарно возило со неготински регистарски ознаки, управувано од Л.К., украдените предмети биле пронајдени, а Л.К. бил лишен од слобода. Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на сопственикот.

Од страна на полициски службеници од ОВР Неготино бил извршен разговор со останатите 7 лица кои во целост го објаснуваат начинот на кој го извршиле кривичното дело и тие се опфатени со кривичната пријава.