Сад го стави на црна листа Орце Камчев поради корупција

0
22

САД го означија Јордан „Орце“ Камчев за вмешаност во корупција, вклучително и за поткуп на владин функционер, соопшти портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

„Коруптивните дејствија на Камчев ја нарушија довербата на јавноста и го поткопаа интегритетот на правосудниот сектор и владеењето на правото во Северна Македонија, а истовремено ја унапредуваат неговата лична корист“, соопшти тој.

Во изјавата се вели дека „САД ќе продолжат да промовираат одговорност за поединци и ентитети кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција“.

САД ја повикаа Северна Македонија да продолжи да го зајакнува владеењето на правото и нејзините демократски институции и да ја сузбие корупцијата.

„Овие напори се клучни за целосна интеграција на Северна Македонија во европските институции“, се вели во изјавата.

САД наведуваат дека Качев се занимава со корупција, злупотреба на службената положба, перење пари и други прекршоци повеќе од една деценија.