Фатен Косовец со украдено возило кое се барало од Интерпол во Холандија

0
34

На 11.07.2023 во 19.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Долно Блаце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле под слобода Ш.К.(38) од Косово.

При преглед и контрола на возилото „мерцедес“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека возилото било украдено и дека за него имало меѓународна потрага на барање на Интерпол Холандија.

Возилото било одземено, а Ш.К. бил задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.