Косово се согласи да го намали присуството на полицијата за 25 отсто и да одржи избори на северот

0
41

Владата на Косово објави дека се согласила да го намали полициското присуство на север и да поддржи одржување на нови избори во четирите северни општини, како дел од акциите за деескалација на ситуацијата. Сите чекори, според Владата на Косово, ќе бидат „финализирани во период од две недели“.

Овој договор беше постигнат за време на неформалната средба што се одржа во Братислава меѓу вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак.

Според соопштението на Владата, присуството на полицијата во и околу општинските згради на северот веднаш ќе се намали за 25 отсто.