15-годишно момче починало откако му се слошило на базен во Скопје

0
22

Нова трагедија на македонските базени. Вчера околу 19 часот во клиничкиот центар во Скопје било донесено 15-годишно момче, на кое му се слошило додека било на базен во Општина Карпош.

По извршените обиди за реанимација му била констатирана смрт без видливи траги на насилство, а телото било предадено на обдукција, информираат од МВР. Завчера 22-годишник од Шпанија се удави на базенот во Битола.