Стабилна е состојбата на девојчето од Белград на кое куче и го распори стомакот

0
55

Четиригодишното девојче кое, вчера околу 19 часот, беше тешко повредено од куче во белградската населба Сремчица, е оперирано и е во стабилна состојба, изјавуваат лекарите.

Родителите го донеле девојчето на Универзитетската детска клиника во Тиршова со сериозни повреди на стомакот предизивикани од напад на куче.