68-годишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка во виничко

0
25

68-годишен мотоциклист е тешко повреден откако паднал од мотоцикл.

На 15.07.2023 во 13.40 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Градец, виничко, Ф.Ц.(68) од с. Градец управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал од мотоциклот. Во несреќата, Ф.Ц. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кочани, соопшти полицијата.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница.