Ковачевски- Рудник во Иловица нема да има, ако не сакат граѓаните

0
31

Нема да има рудник ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија, е ставот на Владата изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по вчерашните протести на струмичани за концесиите за рудникот Иловица- Штука. Тој истакна дека концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека СДСМ и денес е против отворање на рудници.